Како да стекнете германско државјанство за три години и кои правила важат за децата на странците?

од Vladimir Zorba
174 прегледи

Германскиот Бундестаг усвои сеопфатен амандман на законот за стекнување германско државјанство, кој ќе стапи на сила на 27 јуни. Оваа реформа носи клучни промени, истакнувајќи два главни аспекти.

Прво, реформата ќе го скрати периодот на престој потребен за натурализација од сегашните 8 на 5 години. Исто така, Германија во иднина ќе прифаќа повеќекратни државјанства, што значи дека апликантите повеќе нема да мора да се откажат од државјанството на нивната земја на потекло.

Надлежните органи за натурализација бараат од граѓаните да не поднесуваат никакви барања пред да стапат во сила измените.

Околу 5,3 милиони странци кои живеат во Германија повеќе од 10 години и немаат германско државјанство ќе имаат корист од новиот Закон за државјанство од 2024 година (StAG 2024).

Една од главните промени е скратувањето на периодот на натурализација. Наместо досегашните 8 години, натурализацијата ќе биде можна по 3 или 5 години, во зависност од интеграциските достигнувања на апликантот.

Сега ќе биде возможно двојното државјанство, додека претходно обично мораше да се откаже од старото државјанство по натурализацијата.

Новиот закон ќе им овозможи и на децата родени во Германија од странски родители да добијат германско државјанство, под услов барем еден родител легално да престојува во Германија повеќе од 5 години.

Исто така, постарите странци од генерацијата гастарбајтери или поранешните договорни работници на ГДР нема да мораат да обезбедат доказ за писмен тест за германски јазик и можат да бидат натурализирани без писмен натуризациски тест, пишува Феникс магазин.

И покрај олеснувањата, новиот закон предвидува построги регулативи во однос на средствата за живот. Натурализацијата ќе биде можна само во исклучителни случаи доколку апликантите не можат сами да се обезбедат.

Зголемувањето на барањата за натурализација се очекува да доведе до подолго чекање, освен ако општинските власти за државјанство не доделат повеќе персонал.

Слични содржини