Како да заштедиме струја во домаќинствата?

од Destan Jonuzi
287 прегледи

Последниот извештај на министерството за економија објавен во септември покажува дека државните институции заштедиле вкупно 20 отсто електрична енергија во текот на септември годинава во однос на лани. Од друга страна ЕСМ го реализира својот план за производство на електрична енергија во целост, 100%. Произведено е повеќе струја од планираното. Планирани биле 3.034 гигават часови, а произведени се 3.039 гигават часови заклучно со октомври.

Министерството за транспорт и врски е на врвот со заштедени 43 отсто струја, а ЕЛЕМ со 41 отсто. Собранието заштедило за 29 отсто во септември во споредба со септември 2021 година, судовите заштедиле 35 отсто, Кабинетот на Претседателот на државта заштедаил 17 отсто. Општините за вкупно 29 отсто ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во септември, аво истиот месец споредбено со ланската година, 25 општини не постигнале заштеда од 15 отсто.

Како да заштедат домаќинствата?

– фрижидерот треба редовно да се чисти, а термостатот најдобро е да биде поставен на температура од 3 до 5 степени;

– современите прашоци за перење овозможуваат ефикасно чистење на алиштата и на температура од 40 до 60 степени;

– со секое вклучување на пеглата се троши струја за нејзино загревање, што значи алиштата е подобро да се пеглаат одеднаш;

– секогаш да се преферира туширање наместо капење во када;

– компјутерот и мониторот да бидат во режим на мирување секогаш кога не се користат, бидејќи годишно трошат 1000 kWh;

– машината за садови секогаш да биде полна и да се вклучува ноќе;

– бојлерот е најдобро да се вклучува ноќе, или пак да се вгради реле кое автоматски ќе го вклучува и исклучува во висока односно ниска тарифа;

– во текот на готвењето садовите треба да бидат затворени;

– жаречките светилки да се заменат со штедливи;

– клима уредот троши три пати помалку отколку електричната греалка, и најдобро е да се користи во опсегот на надворешни температури од 5 до
15 степени;

– во зимскиот период треба да се избегнуваат електричните греалки за догревање. Поисплатливо е користењето на ТА печки.

– тешките и долги завеси ги покриваат радијаторите и го оневозможуваат циркулирањето на воздухот.

Мерките за штедење почнаа да се применуваат во државните институции од 1 септември.

Слични содржини