Како мала единица од 30 дронови запре руски конвој во близина на Киев (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
607 прегледи

На снимките објавени на социјалните мрежи од украинската единица за воздушно извидување Аеророзвидка се гледаат нападите на колоната руски оклопни возила, која се наоѓа на околу 64 километри од Киев.

Командантот на единицата, потполковник Јарослав Хончар, изјави дека мал тим од 30 оператори на беспилотни летала и специјални сили го спречиле напредувањето на рускиот конвој во серија ноќни заседи.

Тој пријавил за заседа во близина на работата на Иванкив, која помогнала да се запрат руските оклопни возила. Командантот истакнал дека украинските борци успеале да се приближат до руската колона која напредувала ноќе, возејќи низ шумата од двете страни на патот што води јужно кон Киев од правец на Чернобил, пренесува Гардијан.

Украинските војници биле опремени со очила за ноќно гледање, снајперски пушки, мини со далечинско детонирање и беспилотни летала опремени со термални камери способни да фрлаат мали бомби од 1,5 килограми.

„Во текот на ноќта оваа единица уништи две или три возила на чело на овој конвој, кои потоа се заглавија. Тие останаа таму уште две ноќи, па уништија уште многу возила“, рече Хончар.

Русите ја разбиле колоната на помали единици за да се обидат да напредуваат кон главниот град на Украина, но истиот тим успеал да го нападне нивниот магацин, тврди командантот, со што ја „осакатува способноста на Русите да напредуваат“.

„Првиот ешалон на руските сили остана без греење, нафта, бомби и гас. А сето тоа се случи поради работата на 30 луѓе“, рече Хончар.

Единицата Аеророзвидка, исто така, тврди дека помогнала во поразот на руските сили во воздушен напад на аеродромот Хостомел, северозападно од Киев, на првиот ден од војната, користејќи беспилотни летала за лоцирање, таргетирање и гранатирање околу 200 руски падобранци скриени на едниот крај од аеродромот.

Не може да се проверат сите детали од овие тврдења, но претставниците на американската одбрана истакнаа дека украинските напади придонеле за запирање на оклопната колона.