Како одговор на НАТО, Белорусија размислува да распореди руски нуклеарки

од Milan1
258 прегледи

Белорусија е подготвена да распореди нуклеарно оружје под закана од НАТО, изјави министерот за надворешни работи Владимир Макеј во интервју за арапскиот ТВ канал на РТ.

„Она што го кажа претседателот Александар Лукашенко, дека ја разгледуваме можноста за распоредување нуклеарно оружје на белоруска територија е еден од можните одговори на идните можни дејства на Северноатлантската алијанса на територијата на Полска“, истакнал Макеј.

Претходно, претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека Минск ќе и понуди на Москва да постави нуклеарно оружје на нејзина територија доколку НАТО постави нуклеарно оружје во Полска.

Слични содржини