Тинејџерите му помагаат на Путин против режимот во производството на дроновите „Шахед“ во големата фабрика во Татасман.
Фабриката во градот Џелабуга која е најголема на свет, воглавно е седиште за дронови кои се користат во масовните воздушни напади кои се насочени кон преоптеретувањето на украинската воздушна одбрана.
Снимката која ја објавила Звезда, се гледа дека руското министерство за одбрана, овожмоува прв пат детлен увид во внатрешноста на фабриката.
Тинејџерите и вработените се прикажани како прозведуваат дронови “Геран-2”, руската верзија на иранскиот дрон „ Шахед“ 136.
Тинејџерите доаѓаат на работа во фабрика од свои 15 години, пишува Телеграф.
„Каде и да погледнете насекаде се млади луѓе“
„Каде и да погледнете, се е полно со млади луѓе, зборува соговорникот кој со камера минува низ фабриката и покажува десетина тинејџери кои ги изработуваат компонентите за дроновите и компјутерите во добро осветлена фабричка просторија.
Дроновите „Шахед“ станаа клучни во плановите на Путин за непрекинатото бомбардирање на украинските градови, посебно во текот на ноќта каде е насочено деморализиање на украинските вооружени сили и заплашувањето на цивилите.
Во неделата Кремиљ објави дека Русија и понатаму како приоритет ги поставува остварувањата на воените цели пред потишиувањето на примерјето или сооувањето на сериозните санкции.
Европските воени сојузници веруваат дека Русија планира да лансира илјадници евтини дронови „Шахед“ секоја ноќ откако производството ќе се зголеми.
Смета дека новата темна боја на руските модели се одразува на зголемувањето на насоченоста кон ноќните напади.
Лансирање дронови со американски камиони
Втората снимка е објавена во Русија во неделата, на таа се гледа како дроновите се лансираат со приколка и како новите американски камиони Доџ Рам 1500, што веројатно претставува и кршење на санкциите. Видеото од фабриката покаува дека повеќе од 5000 дронови на голем домет месечно, што во Џелабуга во првата половина на 2025 година се призиведени 18.000 дронови.
Тинк-тенк кој го поврзуваат со Кремиљ во јуни се зголемила потрошувачката на дроновите за 16,9 отсто во мај. Повеќе од 500 дронови и проекти редовно се лансира во Украина во текот на ноќните напади, а аналитичарите сметаат дека Кремиљ е блиску до лансирање на повеќе од 1000 дронови дневно.
Русија на 9. мај го изведе најголемиот напад досега, лансирајќи 741 пректил и дрон на уркаинските градови. Путин се надева дека со непрекинатите напади ќе го деморализира украинскиот народ и ќе ја исцрпи одбраната на Киев и да ја намали силата на Западот која продолжува во поддршката за Украина.
Ракетата „ Патриот“ 130 пати поскапа од дронот
Дроновите Геран 2 релативно се евтини за производство, а цената им се движи помеѓу 26.000 до 37.200 фунти.
Украинскиот систем против воздушната одбрана кој и го испорачува Западот многу е скап.
Кристијан Фројдинг , висок член на германската војска, предупреди дека оваа недела Украина со своите сојузници ќе развива контрамерки од 1500 до 3000 фунти по единица за да ја направата својата воздушна одбрана економски одрзлива во услови на интензивирање на руските напади.
Фројдинг верува дека Русија наскоро ќе ја досегне мозноста за лансирање на 2000 дронови за една ноќ во Украина, што би представува сериозен предизвик за украинската воздушна одбрана
Фабриката во Џелабуга е отворна во 2023 година, а се наоѓа во посебна економска зона близу градот Казан, познат по седиштето на високо технолошките прозиводства. Доколку е потребно технологијата на беспилотни летала може да се пренесе директно од Иран до Каспиското море бидејќи фабриката се наоѓа на реката Кама која се наоѓа во Волга.
Украина се обиде да ја нападне фабриката во Џелабуга
Иако е одалечен од 1.600 километри од укрианската граница се чини дека овој објект бил цел од страна на Киев. Руските медиуми известувале дека едно лице загинало во јуни кога остатоци од соборен дрон паднал врз блискиот контролен пункт.
Дронот Герен -2 е долг 3.5 метри и има распон на крилја од 2,5 метри тежи околу 200 килограми, носи боева глава од 50 килограми и може да погоди цели на оддалеченост до 1.800 километри со брзина до 300 км/ч. Украина оваа недела објави дека го соборила 30.000-тиот дрон „Шахед“, користејќи анализа на серискиот број добиена од фрагменти од еден од соборените авиони.