Русија е „одделена со часови“ од технички банкрот бидејќи истекува грејс периодот за исплата на околу 100 милиони долари странски долг, објави вчера американски „Блумберг“, а го пренесоа речиси сите светски медиуми. Но, не станува збор за банкрот на Русија, туку за тоа дека таа земја не може да го плати долгот поради санкциите на Европската Унија и Соединетите Американски Држави.
Имено, САД минатиот месец не ја обновиле лиценцата на Русија за сервисирање на надворешни долгови. И покрај ова, руското Министерство за финансии соопшти дека ќе продолжи да ги исполнува своите обврски кон странските кредитори со плаќање во рубљи – што не е дозволено поради санкциите воведени кон Русија веднаш по почетокот на војната во Украина.
Затоа Русија имаше пари да го отплати надворешниот долг, но тоа беше спречено поради санкцијата, поради што Кремљ вели – „ова е фарса“.
Според Министерството за финансии, 100 милиони биле испратени до „Еуроклеар“ – белгиска компанија за финансиски услуги, која оваа сума треба да ја подели на инвеститорите. Но, компанијата не го направи тоа, но евидентно е дека се работи за проблем поради санкциите.
Првата голема криза по Елцин
Русија последен пат се најде во ваква ситуација во времето на претседателот Борис Елцин и големата финансиска криза. Пред тоа, слично нешто се случило во 1918 година за време на болшевичката револуција кога Ленин одбил да ги плати царските долгови.
Актуелниот министер за финансии на Русија призна дека неговата земја не е во состојба да го плати надворешниот долг и дека инвеститорите нема да ги добијат парите поради санкциите на ЕУ и САД.
„Сите разбираат дека целата оваа ситуација е како фарса“, рече тој.
Судски спор на повидок
Сега следи еретична правна битка, имајќи предвид дека државите и институциите на ЕУ и САД имаат основа да ја тужат Русија за неплатени долгови, но во таа насока ќе се движат и инвеститорите кои не ги добиле своите пари.
Во тој случај Русија нема да може да позајмува пари на Запад, но неизвесно е и како ќе продолжи исплатата на рускиот енергенс, кој се уште го увезуваат многу европски земји.
Според аналитичарите, станува збор за финансиска криза каква што одамна не е видена во светот. Западните земји се обидуваат да ја принудат Русија да се откаже од инвазијата на Украина со создавање на „вештачки банкрот“, но неизвесно е дали тоа ќе предизвика таков ефект кај Владимир Путин.