275
Една од најубавите жени на светот Адријана Лима се вработи во ФИФА. Поранешната српска снаа, која своевремено беше во брак со кошаркарот Марко Јариќ, се вработи како глобална амбасадорка на навивачите.
Таа ќе биде вклучена во неколку различни иницијативи, а нејзината главна задача ќе биде да го промовира фудбалот ширум светот.
„Кога ќе ја запознаете Адријана, веднаш ја чувствувате нејзината топлина, добрина и колку е страсна за фудбалот. Таа живее и дише за фудбалот и затоа може да биде врската помеѓу ФИФА и навивачите ширум светот“, изјави првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.
Адријана беше во брак со Марк седум години од 2009 до 2016 година, кога добија две ќерки, а во меѓувреме доби и син со продуцентот Андре Лемарс.