Каква е врската меѓу понудата од „Бучим“ за рудникот „Иловица“ од 2019 со бунтот на еко-aктивистите?

од Vladimir Zorba

По најновите правни пречки со кои се соочи инвестицијата во рудникот за бакар Иловица-Штука дел од локалното население во југоистокот, под иницијативата „И здравје и работа“ почна да прашува кому му пречи проектот.

Според нив, рудникот за бакар би имал големо економско значење за регионот и ќе го поддржат доколку се испочитуваат сите светски стандарди. Тие сега единствено ги гледаат придобивките од инвестицијата, особено откако во Собранието во 2019 година беа усвоени законските измени во Законот за минерални суровини, со кои се забранува употребата на штетни супстанции во новоотворените рудници.

Сепак, пред инвеститорот „Еуромакс рисорсис“ да се соочи со дополнителни правни предизвици и особено откако зад него застана канадската компанија „Трафигура“, понуда за инвестиција имаше и од фирмата во чија сопственост е рудникот „Бучим“ во Радовиш. Станува збор за „Солвеј инвестмент груп“. Тоа е компанија со седиште во Швајцарија, сопственост на естонски државјанин, но, како што се вели во шведската истражувачка сторија од 2022 година, „Рударски тајни“, кај концесионерот во Бучим наводно постои скриен руски капитал. Тогаш „Солвеј“ вети поддршка од локалната заедница и еколошките групи.

Токму таа спротивставеност на еколошките групи произведоа бројни шпекулации за тоа кој и како ги води тие групи на отпор или подрршка на проектот. Граѓаните прашуваат „кој, колку и од кого има добиено пари на рака преземајќи обврска за регрутирање критична маса за ширење паника меѓу населението“.

Целиот материјал на следниот линк!

Слични содржини