„Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ денес одобрија нови санкции насочени кон 19 режимски функционери и субјекти одговорни за сериозни кршења на човековите права. Додека војната во Иран продолжува, ЕУ ќе ги заштити своите интереси и ќе ги гони одговорните за домашната репресија“, напиша Калас на платформата „X“.
Според неа, ЕУ испраќа порака до Техеран дека „иднината на Иран не може да се гради врз репресија“.
САД и Израел започнаа напади врз Иран на 28 февруари откако со разговорите за нуклеарната програма на Иран не е постигнат договор. Иран одговори со ракетни напади врз американските бази на Блискиот Исток, на кои им се придружија групи поддржани од Иран, како што се Хезболах во Либан и Исламскиот отпор во Ирак.