19
Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Каја Калас денеска изјави дека екстремизмот, Русија и Иран не треба да имаат место во иднината на Сирија.
„Многу министри за надворешни работи истакнаа дека тоа треба да биде услов за новото раководство, да го елиминира руското влијание (во Сирија)“, изјави Калас за новинарите по состанокот со министрите за надворешни работи на ЕУ, пренесе Ројтерс.
Неколку сириски функционери потврдија дека Русија ја повлекува својата војска од линијата на фронтот во северна Сирија и од позициите во планините Алавити, но дека Москва не ги напушта двете главни бази во земјата по соборувањето на сирискиот претседател Башар ал Асад, пренесувa „Ројтерс“.