55
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас денеска предупреди дека европската расправа за можни мировни сили во Украина ризикува да падне во „руска замка“.
Во интервју за Еуроактив, Калас предупреди дека обидите да се најде коалиција за мировна мисија се предвремени, бидејќи, како што тврди таа, Русите не сакаат мир.
Пред тие разговори, рече таа, фокусот на Европа треба да биде да ја стави Украина во „во состојба да каже „не“ на лош договор“, додавајќи дека колку е посилна земјата на бојното поле, толку е посилна на преговарачката маса.