Високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас изјави дека руските напади врз Украина покажуваат дека Кремљ нема интерес за мир.
Во раните утрински часови во саботата, руски ракети погодија цели низ Украина, при што според украинските власти загинаа најмалку 20 луѓе.
Калас на социјалната мрежа Х напиша: „Руски проектили немилосрдно паѓаат врз Украина, носејќи уште смрт и уништување. Уште еднаш Путин покажува дека нема интерес за мир“.
Таа додаде дека е неопходно да се зголеми воената помош за Украина: „Мораме да ја зголемиме нашата воена поддршка , во спротивно уште повеќе украински цивили ќе ја платат највисоката цена“.
Нејзините зборови го повторуваат ставот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој рече дека овие напади покажуваат дека целите на Русија не се променети.