„Калашников“ во 2022 година со најголемо производство на оружје во последните 20 години

од Vladimir Zorba

Руската одбранбена компанија „Калашников“ објави дека во 2022 година забележала највисоко производство на оружје во последните 20 години, пренесе „Анадолија“.

Во соопштението се наведува дека минатата година компанијата го зголемила производството на оружје за 40 отсто во однос на 2021 година.

Се наведува дека „Калашников“ лани исполнил 45 производни нарачки за државата, а реализирани се и 25 нарачки во областа на воено-техничката соработка.

Во соопштението беше посочено дека ова се најголемите нарачки што се реализирани во историјата на компанијата, а се наведува дека производството на оружје достигна највисоко ниво во последните 20 години.

Калашников (Калаш), познат и како АК-47, е автоматска јуришна пушка што ја користеле повеќето армии од Источниот блок по Втората светска војна.

Таа пушка е дизајнирана во 1947 година од Михаил Калашников, како прва вистинска автоматска јуришна пушка во светот.

За разлика од повеќето автоматски пушки од Втората светска војна, АК-47 беше компактна и лесна пушка, која имаше добар дострел, робусно оружје со способност за контрола на оган (автоматско, полуавтоматско и единечно).

Калашников и денес е широко користен, па затоа е на врвот на светот по бројот на произведени парчиња.

Слични содржини