Камерон: Апсолутно ни е јасно дека Украина мора да победи во оваа војна

од Симе Стоиков

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон и неговиот француски колега Стефан Сежурнеј повикаа на зголемена поддршка за Украина.

„Апсолутно ни е јасно дека Украина мора да ја добие оваа војна. Ако Украина загуби, сите ние губиме. Цената да не се поддржи Украина сега ќе биде многу поголема од цената на отфрлањето на Путин. Но, како што беше дискутирано за време на конференцијата во Париз во февруари, ние мора да направиме уште повеќе за да ја победиме Русија. Светот гледа и ќе ни суди ако не успееме“, се наведува во заедничкиот текст на британскиот и францускиот министер за британски Телеграф.

За време на неговата посета на САД оваа недела, Камерон планира да го повика американскиот Конгрес да ја зголеми финансиската поддршка, што „може да ја промени ситуацијата“ во Украина, пишува весникот.

Се додава дека за време на посетата на Вашингтон, шефот на британската дипломатија ќе ги предупреди САД дека ја ризикува безбедноста на Западот со одложувањето на новиот пакет помош за Украина. И дека за време на приватната средба ќе го повика Мајк Џонсон, Претседателот на Претставничкиот дом, за да ги спречи неговите републикански колеги да продолжат да ја блокираат поддршката за Украина.

Претходно оваа година, Велика Британија одвои дополнителни 2,5 милијарди фунти за помош на Украина во борбата против руската инвазија, додека Европската унија вети дополнителни 50 милијарди евра.

Слични содржини