📸Камерон Дијаз не се плаши од стареење – актерката фотографирана во лежерно издание

Камерон неодамна открила дека изминатите десет години, кои ги поминала во изолација, биле „десетте најдобри години“ од нејзината кариера

од Весна Петровска
5 прегледи

Американската актерка Камерон Дијаз била фотографирана во природен и опуштен стил додека шета низ улиците на Њујорк.

Имено, актерката комбинирала фармерки со тексас кошула, додека косата ја врзала во лежерна пунџа. Според фотографиите, Камерон изгледа во одлично расположение.

Пред неколку години, таа призна дека пробала ботокс, но брзо се предомислила.

„Пробав, но лицето ми се промени чудно. Си реков: „Ова не сум јас“.

Таа исто така нагласи дека научила да ги сака своите брчки: „Тие се доказ дека цел живот се смешкам. Го сакам животот и немам проблем со фактот дека тие се видливи.“

Во последните неколку години, Камерон ретко се појавуваше во јавноста. По пет години, појавувањето на премиерата на „Назад во акција“ на Нетфликс во Берлин беше нејзино прво јавно појавување. Пред тоа, нејзиниот последен филм беше „Ени“ (2014), исто така со Џејми Фокс.

Камерон неодамна открила дека изминатите десет години, кои ги поминала во изолација, биле „десетте најдобри години“ од нејзината кариера.

Таа моментално работи на неколку нови проекти, а на есен ќе започне со снимање на „Лош ден“ на Нетфликс, во кој игра самохрана мајка во низа хаотични ситуации. На крајот на 2026 година, таа се враќа како глас на принцезата Фиона во „Шрек 5“, а е поврзана и со „Излез“ на Џона Хил, во кој глуми заедно со Киану Ривс.

Слични содржини