1,3K
– Денеска околу 03.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Драчево го привеле Д.Р.(29) од с.Марино, општина Илинден. Претходно, од улица „Јустинијан Први“ тој бил спроведен во кругот на Полициската станица Драчево затоа што управувал нерегистрирано товарно возило „фолксваген транспортер“ со скопски регистарски ознаки со активна забрана за управување моторно возило. Во кругот на полициската станица му била дадена наредба да го препаркира возилото, но наместо тоа тој се обидел да избега и притоа удрил во друго возило и во капијата од станицата, по што бил фатен и задржан, информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.