„Девојчето во спотот вели: Не купувајте српски производи. Знаете ли дека убија многу Албанци меѓу кои и семејството на Адем Јашари? Сакаат да не отрујат“. Нејзиниот татко од полиците во супермаркет зема разни предмети од косовско потекло, но кога ќе земе друг производ, ќерката му ги кажува токму овие зборови.
Таткото застанува, но и другите муштерии. Тие ги фрлаат своите корпи со производи на подот, со очите полни со солзи.
Вакво видео, потпишано од извесен Бурим Пирај како автор, е објавено на порталите и фејсбук страници „Економија онлајн“ и „Телеграфи“. Но, не само таму. Видеото е објавено и на Фејсбук групата „Не купувај српски производи“ која брои речиси 55.000 членови
Логото на видеото и страницата на Фејсбук, заедно со пораката „Беса Бесе“
и „Да не купуваме српски производи“, содржи и пречкртан бар-код „860“.
„Србија постојано ја загрозува безбедноста на Косово, држи српски паралелни структури на Косово со парите заработени од продажбата на своите производи на Косово и се вооружува со надеж дека еден ден српската војска ќе се врати на Косово! Денес нема поголем патриотизам од тоа мирно да се управува со државата без да се купува ништо произведено во Србија! Некој жртвува крв за Косово и од нас бараат прецизно да ги распоредиме нашите пари! „Косово не се продава за 10 центи поевтино!“, се наведува во описот на Фејсбук групата „Не купувајте српски производи“.