Канада почна да ги евакуира своите граѓани од Хаити

од Симе Стоиков
243 прегледи

Денеска Канада започна со евакуација на граѓаните на таа земја од Хаити кои сакаат да ја напуштат земјата погодена од насилството на вооружените банди, давајќи им приоритет на ранливите групи, изјави канадската министерка за надворешни работи Мелани Џоли.

„Знаеме дека безбедносната ситуација се влоши во последните неколку недели и дека оние кои сакаат да заминат не можат да го сторат тоа поради безбедносната ситуација на аеродромот Порт-о-Пренс“, изјави Џоли на новинарите на брифингот во Отава, пренесе Ројтерс. .

Таа истакна дека Канада првично ќе обезбеди патување од Хаити до Доминиканската Република за ранливите Канаѓани, како што се оние на кои им е потребна медицинска помош или оние со деца.

Околу 30 Канаѓани поднеле барање да го напуштат Хаити, рече Џоли.

Соединетите држави почнаа да ги евакуираат своите граѓани од Хаити со хеликоптер минатата недела.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека за денеска се планирани евакуации со три хеликоптери, а во вторник со четири.

Слични содржини