Западните земји треба да се обединат против Кина за да ја спречат да ги користи трговските интереси во обид меѓусебно да ги раскара, изјави канадскиот премиер Џастин Трудо.
Трудо рече дека Кина ги „измамила“ западните земји, кои натпреваруваат едни против други за пристап до економските можности во оваа земја.
„Ние се натпреваруваме и Кина, од време на време, не изигрува многу паметно на отворен пазар, конкурентен начин“, рече тој во интервју за „Глобал“, пренесува Ројтерс.
Канадскиот премиер порача и дека Западот мора подобро да соработува и да биде посилен за Кина, како што рече, лукаво да не бара начини да добие предност и да ги сврти западните земји една против друга.
На почетокот на овој месец, Канада објави дека ќе им се придружи на сојузниците во дипломатскиот бојкот на Зимските олимписки игри во Пекинг во февруари 2022 година, со цел да испрати порака до Кина поради непочитувањето на човековите права во таа земја, пренесе Танјуг.