Канцерогена мувла откриена во овошје од Турција

од Milan1
92 прегледи

Канцерогена мувла е откриена во овошје од Турција, објави европскиот систем за безбедност на храна. Станува збор за суви смокви кои од Турција требало да бидат увезени во Хрватска. За среќа, афлатоксините биле откриени при контрола на примерокот на границата со Хрватска, па пратката со смокви била веднаш уништена. Афлатоксинот е откриен во сувите смокви, а најлошиот тип Б-1, за кој експертите велат дека брзо се ресорбира во дигестивниот тракт и црниот дроб и се претвора во канцерогениот афлатоксин М-1. Меѓутоа, во турските смокви се пронајдени и други видови на афлатоксини.

Така, афлатоксинот Б1 е откриен во концентрација од приближно 280 микрограми на килограм, што е 40 пати повеќе од дозволената вредност. Вкупниот процент на сите афлатоксини во турските смокви беше 600 микрограми на килограм во еден примерок, што е дури 60 пати повеќе од дозволеното. Ризикот по здравјето на потрошувачите бил сериозен, предупредува европската агенција. Според одлуката на ЕУ, ниту најмала количина на афлатоксин не е дозволена во прехранбените производи кои се увезуваат на европскиот пазар. Ова не е прв пат да се откриени афлатоксини во сувите смокви од Турција. Првиот пат, бугарските инспектори на граница запреа пратка наменета за Хрватска.

Вториот пат турските смокви преку компанија од Хрватска завршија во Словенија, а третиот пат од БиХ до Хрватска, објави Даница.хр. Всушност, не поминува ниту една недела, а една од земјите на ЕУ да не го извести европскиот систем за брзо предупредување во трговијата со храна за афлатоксините во сувите смокви од Турција. Понекогаш има повеќе случаи и повеќе земји на дневна основа. Затоа внимавајте кога купувате суви смокви – задолжително проверете од каде доаѓаат. Афлатоксините, инаку, се група на габични токсини кои предизвикуваат сериозни оштетувања на здравјето на луѓето, особено на црниот дроб. Акутните труења се нарекуваат афлатоксикоза и може да доведат до откажување на црниот дроб и смрт. Експериментите на лабораториски животни покажаа сериозен ризик од развој на рак на црниот дроб со поголема изложеност на афлатоксини.

Слични содржини