Канје Вест и Бјанка Сенсори се лекуваат во ментална клиника на Мајорка за 170.000 долари неделно

од Milan1
41 прегледи

Раперот и неговата сопруга се пријавиле во клиника за рехабилитација во Шпанија, која е еден вид луксузен велнес центар, со бројни, дискретни, програми за третман на своите „гости“, а нуди приватна терапија со врвни доктори, јога сесии, но и гурмански јадења, подготвени од врвни готвачи – и сето тоа за 170.000 долари неделно.

Канје Вест, познат како Је, се лекува во луксузна клиника за ментално здравје во Мајорка, Шпанија.

Причината за ова, наводно, се тековните правни проблеми кои ги има музичарот и претприемач, но и јавните реакции поврзани со неговото неодамнешно однесување и контроверзни изјави, а кои, наводно придонеле да му се влоши менталното здравје.

Според „RadarOnline“, 47-годишниот рапер се пријавил во клиниката за рехабилитација „The Balance“, која е еден вид на луксузен велнес центар со бројни, дискретни, програми за третман на своите „гости“.

Па, така, секој што оди таму на лекување, има приватна терапија со врвни доктори, јога сесии, но и гурмански јадења, подготвени од врвни готвачи.

Ова задоволство, за лекување во ментална институција која потсетува на спа центар, чини 170.000 долари неделно.

Во клиниката со Канје е и неговата сопруга Бјанка Сенсори.

Според американските медиуми, „Канје доживеал нервен слом и се лекува во Мајорка“, а каде е, дознале откако негов поранешен вработен поднел тужба за неправедно отпуштање од работа и во документите е наведена моменталната локација на Вест.

Оваа тужба е само еден во големата низа правни проблеми со кои се соочува раперот подолго време.

Тој отворено призна дека се бори со менталното здравје и користењето супстанции, вклучително и зависност од азотен оксид (бинарни соединенија на кислород и азот, кои се многу токсични и регилирани со закон), што е дополнителна причина да оди на лекување.

А бидејќи проблемите станале неиздржливи – тој решил да побара помош и сам да се пријави во клиниката.

Слични содржини