Кање Вест и забрани на девојката социјални мрежи

од Radmila Tasevska
373 прегледи

Кање Вест не престанува да ја шокира јавноста поради односот кон неговата девојка Бјанка.

Познатиот рапер и неговата избраничка Бјанка Ценсори овојпат отидоа чекор понатаму.

Имено, Кање Вест и забранил да има профили на социјалните мрежи, а сето тоа затоа што се плаши за нејзината безбедност.

Нејзините пријатели се убедени дека ова е уште еден тактички потег за целосно да ја изолира. Како што дознава Дејли Мејл, Кање воопшто не е сакан од нејзините пријатели бидејќи ја раздвојува и манипулира на секој начин, пренесе Стандард лајф. 

„Бјанка секогаш имала социјални мрежи и била активна таму, сè додека не го запознала Кање“, вели еден од пријателите.

Очигледно не сака таа да биде присутна на мрежите бидејќи не сака да ја вознемируваат грди коментари.