Раперот Канје Вест ја објави вредноста на своето богатство. Тој пред две години тврдеше дека е „два месеци оддалечен од фактот дека треба да прогласи банкрот“, откако изгубил две милијарди долари за само еден ден.
Сепак, тој сега на Инстаграм се пофали со богатството што го заработил благодарение на неговото музичко портфолио, како и со сопственоста на брендот „Yeezy“.
„Во 2025 година, нето вредноста на Је е 2,77 милијарди долари, како што е потврдено од Eton Venture Services. Проценката се заснова на неговото музичко портфолио и сопственоста на брендот Yeezy“, се вели во објавата.
View this post on Instagram
Вест во описот на објавата напиша само: „ЛА ЛА ЛА“, не криејќи ја радоста.
Како и сè што прави еден рапер, така и ова наиде на измешани коментари, а имаше многумина кои сметаа дека е непримерно Вест јавно да се фали со своето богатство.