Караџиќ се жали на азбест во британскиот затвор

од Nikola Popovski
284 прегледи

Поранешниот водач на босанските Срби, Радован Караџиќ, кој беше осуден на доживотен затвор за воени злосторства, му се пожалил на своето семејство дека живее во нездрави услови во затворот во Велика Британија, каде што бил префрлен оваа недела, бидејќи таму имало азбест и дека му биле скратени неговите религиозни права.

Ќерката на Караџиќ, Соња Јовичевиќ, за медиумите на Република Српска потврдила дека нејзиниот татко сега е во затвор во пошироката област на Саутемптон, откако претседателот на МИЦТ Кармел Агиус на почетокот на овој месец одлучи дека тој ќе го отслужи остатокот од доживотната казна во Велика Британија.

Таа не го даде точното име на затворот, но рече дека Караџиќ бил испратен на југот на Англија само за, како што тврди, да им отежне на членовите на семејството да го посетат.

Таа изјави дека само кратко разговарала со нејзиниот татко на телефон и веднаш сфатила дека ќе има проблеми.

„Што се однесува до физичката состојба во која е донесен и каде е сместен, тоа е недозволиво. Ако на тоа го додадеме и фактот дека тој е сместен во зграда полна со канцероген азбест, што е забранет во светот, јасно е во какви услови ќе биде“, рекла Соња Јовичевиќ, која сега е функционер во парламентот на Република Српска.

Хашкиот трибунал го осуди Караџиќ на доживотен затвор во 2019 година, а второстепениот совет му ја зголеми казната од 40 години затвор на кој беше осуден во првостепената постапка.

Тој беше прогласен за виновен за најтешките воени злосторства, вклучително и геноцидот во Сребреница, етички прогон на Бошњаците и Хрватите, тероризирање на Сараево и земање на мировници на ООН како заложници.

Слични содржини