25
Експертите за сајбер безбедност во финансискиот сектор укажуваат дека сегашните трендови се такви што се намалува бројот на напади од традиционалните банкарски или финансиски малициозни софтвери за персонални компјутери, додека сајбер заканите за паметните телефони се зголемуваат.
Во извештајот на Kaspersky се наведува дека нивните далечински мерења покажале дека оваа година бројот на корисници погодени од мобилни финансиски закани е повеќе од двојно зголемен, поточно за 102 отсто на глобално ниво во споредба со 2023 година.
Овој тренд се очекува да продолжи и во 2025 година, објави компанијата.