Новото одложување на проектот за гасоводот Интерконектор Грција-Бугарија (ИГБ) предизвика мобилизација на американската дипломатија, а во Атина пристигна и специјален претставник, пишува „Катимерини“.

гасовод

ИГБ е планирано да обезбеди алтернатива на рускиот природен гас на пазарот во Бугарија преку поврзување со Трансјадранскиот гасовод (ТАП), кој ќе пренесува азербејџански гас, со можност за дополнителни цевководи до Романија и Унгарија, а можеби дури и до балтичките земји на север, потсетува весникот.

Вашингтон го испрати својот специјален претставник и координатор за меѓународни енергетски прашања, Амос Хоштајн во Атина, каде денеска ќе се сретне со грчкиот министер за енергија, Панос Скурлетис, а потоа ќе има и тристрана средба со бугарскиот министер за енергија Теменушка Петкова.

Посетата на Хоштајн се смета за подготвителна пред официјалната посета на американскиот државен секретар Џон Кери на Атина во ноември.

„Гасоводот ИГБ е високо на агендата на енергетската дипломатија на САД поради потенцијалната независност што ја нуди на земјите од Југоисточна Европа од рускиот гас на компанијата Гаспром“, пишува „Катимерини“ и додава дека проектот е меѓу приоритетите и на Европската унија и за негово финансирање се одвоени 45 милиони евра

Слични содржини