Кедев го освои петтиот највисок врв во светот!

од Milan1

Македонскиот кардиолог Сашко Кедев утрото на Велигден се искачи на врвот Макалу, висок 8.485 метри, петти највисок планински врв во светот и десетти и со ова стана првиот Македонец кој се искачал на овој врв.

Кедев на Велигден го освои и Макалу, петтиот највисок врв во светот!
Успешната експедиција во која беше и Кедев, ја сочинуваше тим од четворица меѓународни алпинисти и петмина шерпаси. Кедев беше во придружба на искусниот Кили Пемба Шерпа, кој беше еден од 10-те непалски планинари кои се искачија на К2 во 2021 година.

Планинарското резиме на Сашко Кедев, покрај Макалу, вклучува искачувања на 10 од 14-те врвови над 8.000 метри. Тоа се Монт Еверест (8.848), Нанга Парбат (8.126), Анапурна (8.091), Чо Оју (8.188), Броуд Пик (8.051), К2 (8.611), Далагири (8.167), Манаслу (8.163) и Лоце (8.516).

Слични содржини