Кејт Бланшет во заслепувачка фотосесија

од Vladimir Zorba

Австралиската актерка Кејт Бланшет застана пред објективот на фотографот Метју Фрост, за да претстави нов мирис на Giorgio Armani.

Италијанската модна куќа ја обновува својата палета на парфеми и повторно се појавува во линијата на женските мириси Si.

Оваа серија беше објавена во 2013 година со истото име и во наредните четири години таа беше дополнета со десетина нијанси.

Новиот мирис е враќање кон оригиналот на Si во колекционерско шише и малку модифицирана парфемска пирамида. Автор на композицијата е Кристин Нагел, кој пред неколку години работеше со брендот.

Giorgio Armani Si Nacre Edition е мирис за силна, светла и независна жена. Таа храбро поминува низ животот, постигнувајќи ги поставените цели, забележуваат од компанијата.

Видете ја  Кејт Бланшет за Armani во галеријата.

Слични содржини