36-годишната актерка Кејт Хадсон ја рекламира својата нова книга за здрав начин на живот “Pretty Happy: Healthy Ways to Love Your Body”.4645341

Пред списанието “Пипл” убавицата откри како се справува со стресот. “Медитацијата го спаси мојот здрав разум”, пишува Хадсон.

“Не дека сум луда, но во овој брз свет на хиперстимулација и технологија, се акумулира огромна количина емоционален стрес. Многу тешко е да стоиш цврсто  на земјата “, изјави русокосата. “Кога медитирам секој ден, се чувствувам толку опуштено, веќе не чувствувам живот надвор од контрола”, рече уште Хадсон.

Актерката, која се раздели со својот поранешен вереник Мет Белами, татко на четиригодишниот син Бинго, во 2014 година, откри дека лесно може да западне во нервен слом без методот на релаксација. Хадсон, која има и 12-годишно момче Рајдер од поранешниот сопруг Крис Робинсон, е посветена во тајните на медитацијата од мајки си Голди Хоун, која ја изучува практиката со децении.

Слични содржини