Силјановска негира дека ги добила гласовите заради набој со национализам, најави дека ќе биде претседателка на сите граѓани

од Nikola Popovski

Не го следев целиот говор на господинот Пендаровски, но мислам дека критиката на бојкот и на обидот да се киднапира гласачкото право, да се одземе нивното право е добра констатација. Јас кажувам дека сум свесна дека кампањата и дебатите се најстрасниот политички процес, но во дебатите со него завршивме пристојно со помош на координаторите и добрите новинари, изјави вечерва кандидатката за претседателка, Гордана Силјановска-Давкова во свое обраќање од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Професорката има убедливо водство пред Пендаровски според резултатите на ДИК и по се изгледа ќе биде новата шефица на државата. Најави дека ќе биде претседателка на сите граѓани и дека портите на нејзините канцеларии ќе бидат отворени за сите.

Не се согласува со тезата дека гласовите ги добила заради набој со национализам. Вели дека во нејзиниот тим имала и Албанци и Турци и Роми и дека сите ќе ги вклучи во претседателскиот кабинет.

На прашањето дали ѝ се јавил противкандидатот Пендаровски и дали ѝ честитал за победата, Силјановска кажа дека верува дека го сторил тоа, но не може да каже со сигурност бидејќи го заборавила мобилниот телефон.

Слични содржини