Кејти Пери доби инспирација за накит од короната: Дали би го носеле ова? (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Пејачката Кејти Пери оваа сабота гостуваше во емисијата „Saturday Night Live“, а во пресрет на настапот на својот Инстаграм профил покажа необичен моден додаток – обетки со ковид-тест.

Пред да се појави на сцената, 37-годишната девојка сподели необични обетки со ковид-тест со нејзините повеќе од 151 милион следбеници на Инстаграм.

„Вечерва сме на SNL“, рече таа откако им даде на фановите поблизок поглед на нејзините модни додатоци и шминка.

Кејти, инаку, е позната по својот необичен стил на кој му остана верна во текот на целата кариера.

Таа не се колеба да носи необични костими за настапи, а специфична е по тоа што често избира модни комбинации кои содржат овошје или слатки.

Да потсетиме, таа е во врска со познатиот актер Орландо Блум од 2016 година, а неодамна станаа родители на девојчето Дејзи.

 

Слични содржини