Кели Куоко е бремена, откриен полот на бебето

од Stefanija Kuzmanovska

Девојчето Пелфрej ќе пристигне во 2023 година. Благословени сме и пресреќни. Те сакам Томи, напиша актерката Кели Куоко (36) која на социјалните мрежи објави дека е бремена.

Ѕвездата од серијата „Big Bang Theory“ објави дека го очекува своето прво дете со момчето Том Пелфрej (40) и објави неколку фотографии со својот партнер.

И идниот татко се огласи на Инстаграм: „А потоа се стана уште подобро…Те сакам повеќе од кога било, Кели“.

Куоко изјави дека е во врска со Том во мај, кога објави слатки фотографии од неа и актерот. Недолго потоа тие се појавија на црвениот тепих на доделувањето на наградите Еми.

„Кога го запознав Том, тоа дефинитивно беше љубов на прв поглед“, изјави актерката минатиот месец.

Слични содржини