113
Војната во Украина сега има потенцијал да се прошири во Европа и целосно да се претвори во размена на нуклеарни напади, изјави денеска независниот кандидат на претстојните претседателски избори во САД Роберт Кенеди помладиот и посочи дека САД делумно ќе бидат одговорни за ова поради испраќање оружје.
„Ако тоа се случи, тоа би било делумно затоа што САД испратиле оружје во конфликтот“. Однесувањето на Конгресот и администрацијата на Бајден е лудост“, напиша Кенеди на својот профил на X.
Тој нагласи дека наместо тоа, Вашингтон треба да стори сé што е можно за да избегне американска конфронтација со противниците кои имаат моќен нуклеарен арсенал.