20
Кенискиот претседател Вилијам Руто беше погоден со чевла за време на говор на јавен митинг.
„Рековме дека ја намалуваме цената на ѓубривото, точно или погрешно?“, рече Руто на митинг во округот Мигори на западот од земјата, додека со раката одбиваше фрлена чевла, објави Ројтерс.
Министерот за внатрешни работи на Кенија, Кипчумба Муркомен, изјави дека полицијата уапсила три лица, објави весникот „Стар“.
Руто беше принуден да се откаже од зголемувањето на даноците и да ги покани членовите на опозицијата во владата, но незадоволството во источноафриканската земја останува големо, соопшти агенцијата.