Ѕвездата на „Футлуз“, Кевин Бејкон, ќе оди на матурската забава во гимназијата во која беше снимен легендарниот филм „Футлуз“ пред четири децении, најави актерот гостувајќи во „Тудејс шоу“ во петокот, пренесува „Вашингтон пост“.
Најавата на Бејкон следи по виралната онлајн-кампања на средношколците од гимназијата „Пејсон“ во Јута да го поканат актерот на „последен танц“ со оглед на фактот дека зградата на училиштето треба да биде урната годинава – на 40 годишнина од снимањето на филмот.
„Импресиониран сум од се што се случуваше таму со оваа луда идеја да ме вратат. Воодушевен сум од трудот што сите вие го вложивте во ова, со мјузиклот, флеш-мобовите и со ‘оживувањето’ на сцени од филмот. Тоа не помина незабележано кај мене, а да не споменувам дека ја вклучивте и нашата фондација SixDegrees.org, и се обидувате да најдете наќин да ѝ возвратите на заедницата. Навистина инспиративно, затоа Ви благодарам. И ќе дојдам, Мора да дојдам,“ изјави Бејкон.
Подоцна беше појаснето дека Бејкон не планира да се појави на вечерната матурска забава туку да го посети училиштето претходно во текот на денот, кога ќе има настан организиран од хуманитарната организација на актерот, SixDegrees.org.