Косовската полиција соопшти дека денес единиците на КФОР ќе ги отстрануваат оштетените тешки возила, поради што напладне ќе биде затворен патот што води од Северна Митровица кон Јариње.
„Поради работи и безбедносни причини, од утрото за сообраќај е затворена една коловозна лента, додека напладне целосно ќе биде затворен за сообраќај патниот правец во правец Митровица – Јариње до отстранување на тешките возила, со цел да се овозможи слободно движење на возила и граѓани“, се наведува во соопштението на косовската полиција.
Се вели дека полициските единици му помагаат на КФОР и го пренасочуваат сообраќајот за тоа време.