КФОР: Секоја одлука за отварање мостот на Ибар треба да се донесе во рамките на дијалогот

од Илинка Илиоска
984 прегледи

Мировната мисија на НАТО на Косово, КФОР, побара секоја одлука во врска со главниот мост на реката Ибар да се донесе во рамките на дијалогот Косово-Србија, со посредство на Европската унија.

Карабинерите на КФОР имаат постојано присуство на овој мост.

„КФОР продолжува да го спроведува мандатот поставен од Обединетите нации за гарантирање безбедна средина за сите жители на Косово, во секое време, на непристрасен начин, вклучително и присуството на мостот во Митровица и патролите во околината“, соопшти КФОР во одговор на рел.

Во петокот наутро, собраниците на владејачката партија Самоопределување во општинското собрание на Северна Митровица побараа да се спроведе одлуката донесена минатата година за отворање на мостот Ибар.

Но, претседателот на општинското собрание Неџад Угланин рече дека спроведувањето на одлуката за прашањето за мостот им припаѓа на локалните власти.

„Го поддржуваме секое движење, не ни треба мостот како симбол, туку ни треба за соживот меѓу заедниците“, рече тој на средбата.

Потпретседателот на ова општинско собрание Скендер Садику во петокот изјави дека мостот не е во надлежност на општинското собрание, ниту пак е чуван од него, туку од карабинерите на КФОР.

Според него, и отворањето на мостот е во надлежност на општина Јужна Митровица и на КФОР, а за тоа постои и бриселски договор.

„За жал судбината на овој мост не зависи само од нас, туку оваа работа е и на безбедносните институции. Ние како Собрание го завршивме својот дел. Мора да се отвориме еден на друг“, рече меѓу другото Садику.

Одлуката за отворање на мостот беше донесена во април 2023 година, но никогаш не беа преземени чекори за негово спроведување.

По повиците за отворање на мостот, реагираше и Европската унија. Портпаролот на европскиот блок Петер Стано исто така рече дека во рамките на дијалогот треба да се разговара за прашањето за отворање на мостот.

„Отворањето на мостот е дел од два договори. Но, и покрај нашите напори, овој мост остана затворен за сообраќај. Бидејќи ова е дел од дијалогот, за се треба да се разговара и да се одлучи во дијалог со учество на Косово и Србија“, рече Стано во петокот.

Мостот на реката Ибар ја дели Митровица на јужниот дел, населен со албанско мнозинство и северниот дел, населен со српско мнозинство од 1999 година. Во рамките на дијалогот Косово-Србија, страните се договорија да го отворат мостот за сообраќај, но тоа никогаш не се реализираше во пракса. Само едната страна е отворена за пешаци.

Српска Листа, главната партија на Србите во Косово, која ја ужива поддршката на официјален Белград, излезе против отворањето на мостот.

Според неа, отворањето на мостот за возила е „апсолутно непотребно, неприфатливо и ескалирачки потег, чија цел е дополнително дестабилизирање на ситуацијата на терен“.

Барикадите на мостот на реката Ибaр  стојат од 2011 година како снак на отпор на српските граѓани по тогашната акција на косовската полиција за контрола на граничните точки 1 и 31, Јариње и Брњак.

Во 2014 година, еден ден по отстранувањето на барикадите на мостот на реката Ибар тие повторно поставија бетонска барикада на средината на мостот за да нема движење на граѓани во тој дел.

 

Слични содржини