На тројца мажи во Кантербери, Англија, им се суди за киднапирање, дрогирање и силување на малолетно девојче. За време на судењето, расплаканата мајка на девојчето раскажала колку девојчето било исплашено и како после се само „сакала да умре“, пишува The Sun.
Иван Туртак (38), Кевин Хорват (25) и Ернест Гунар (27) ја намамиле девојката во автомобилот нудејќи ѝ цигара во градот Довер. Мажите потоа ја однеле девојката во градот Фолкстон каде ја дрогирале и силувале.
Таа успеала да побегне
Два дена подоцна девојката забележала дека киднаперите заспале, па решила да побегне од опседната куќа.
„Веднаш штом ја видов и реков да се соблече и ѝ ја собравме урината за да имаме докази кои ќе и помогнат на полицијата во случајот“, изјави пред судот таткото на девојчето.
Таткото, исто така, рекол дека мажите го возеле девојчето во „валкан караван со жолти завеси“ каде што слушнала како зборуваат дека ја однеле преку граница и ја продале.
„Мажите практично ја третирале како предмет за нивните сексуални потреби. Нивното однесување беше бездушно и целосно понижувачко“, рече обвинителката Хана Левелин Вотерс.
Туртак ги негираше обвинувањата
Иван Туртак ги негираше сите обвинувања за сексуална експлоатација на девојчето. По апсењето тој во полиција изјавил дека има сопруга која многу ја сака.
„Никогаш не би му направил такво нешто на дете“, изјави Туртак.
Кевин Хорват признал дека имал сексуални односи со жртвата, но тврди дека таа имала 20 години. Ернест Гунар и Хорват подоцна пред судот ги признаа сите обвиненија за силување, а судењето сè уште трае.