266
Руските сили го киднапираа градоначалникот на градот Днепрорудна на југот на земјата, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, пренесува Би-Би-Си.
Тој на Твитер изјави дека „руски воени злосторници“ го киднапирале градоначалникот Јевхен Матвејев.
Шефот на украинската дипломатија апелираше до сите држави и меѓународни организации „да го запрат рускиот терор врз Украина и демократијата“.
Матвејев е вториот украински градоначалник кога, според Киев, бил киднапиран од руските сили во последните три дена.
Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, вчера побара од западните власти да помогнат во ослободувањето на градоначалникот на Мелитопол. Тој бил киднапиран од Русите, според Киев, во петокот.