Киев: Десет и девет години затвор за двајца заробени руски војници

од Radmila Tasevska
132 прегледи

Украинскиот суд приведе двајца заробени припадници на руските сили обвинети за учество во руското гранатирање на станбени области на истокот на Украина, соопшти денес украинската служба за безбедност СБУ.

СБУ во соопштението наведе дека еден од војниците е осуден на 10 години затвор, а другиот на девет години затвор, пренесува Ројтерс.

Не е наведено како се изјасниле и кога биле осудени, но се вели дека и двајцата се бореле во источна Украина и биле заробени минатата година.

Слични содржини