Опцијата за отворање на хуманитарни коридори, која претходно денеска ја предложи Русија, е неприфатлива за украинската страна, изјави Ирина Верешчук, вицепремиер на Украина.
„Ова е неприфатлива опција за отворање хуманитарни коридори. „Нашите луѓе нема да одат од околината на Киев во Белорусија за подоцна да летаат во Руската Федерација“, рече Верешчук на прес-конференција, пренесува РИА Новости.
Таа исто така изјави дека Русија се обидува да манипулира со францускиот претседател Емануел Макрон и другите западни лидери барајќи сите хуманитарни коридори во Украина да излезат преку Русија или Белорусија.
„Се надевам дека францускиот претседател Емануел Макрон има искрена желба да помогне, но во реалноста е манипулиран од Руската Федерација“, рече вицепремиерот на Украина.
Според неа, Украина испратила покана до Русија да се согласи на прекин на огнот почнувајќи од утринава, со цел да им се овозможи на Украинците да се евакуираат кон градот Лавов во Западна Украина.
„Украина го доби предлогот на Русија рано утринава, откако Макрон разговараше со рускиот претседател Владимир Путин“, рече Верешчук.