Русија се подготвува за следната фаза од својата офанзива против Украина, изјави украински воен претставник, откако Москва објави дека руските вооружени сили ќе ги интензивираат воените операции во „сите оперативни области“.
Киев вели дека руски ракети и проектили паѓаат врз украинските градови во последните денови, а во нападите загинале десетици луѓе, пренесe Ројтерс.
„Тоа не беа само ракетни напади од воздух и од море. Гледаме гранатирање по целата линија на фронтот. Активна употреба на тактичка авијација и нападни хеликоптери. Јасно е дека сега се подготовките за следната фаза од офанзивата“, изјави Вадим Скибицки, портпарол на воената разузнавачка служба на Украина.