Киев се пофали дека со дронови уништил шест руски авиони

Безбедносни извори изјавиле за украинската редакција на „Би-би-си“ дека уште осум авиони биле тешко оштетени, а 20 припадници на рускиот сервисен персонал најверојатно биле убиени или ранети.

од Бети Божиноска
179 прегледи

Украина извршила напад со беспилотни летала врз цели во јужна Русија и тврди дека уништила шест руски авиони во воздухопловната база во регионот Ростов, пренесува Би-би-си.

Во базата „Морозовск“ се сместени авионите Су-27 и Су-34 кои се користат на линијата на фронтот во Украина.

Безбедносни извори изјавиле за украинската редакција на „Би-би-си“ дека уште осум авиони биле тешко оштетени, а 20 припадници на рускиот сервисен персонал најверојатно биле убиени или ранети.

Од Русија нема информации за напад на аеродром, а Би-би-си не може самостојно да ги потврди извештаите.

Сепак, руските власти соопштија дека повеќе од 40 дрона биле насочени кон регионот кој граничи со Украина, но тврдат дека сите дронови биле соборени.. Руското Министерство за одбрана соопшти дека цел на напади биле и регионите Саратов, Курск, Белгород и Краснодар.

Во Ростовската област Морозовск била погодена трафостаница, поради што околу 600 луѓе биле оставени без електрична енергија неколку часа, изјави гувернерот на Ростов, Василиј Голубев на својот канал на „Телеграм“. Тој додаде дека имало одредени оштетувања и на 16-катен станбен блок.

Во подоцнежна објава, тој Голубев информирал дека за време на истрагата на локација „недалеку од аеродромот“,.осум лица биле повредени од експлозив што го активирал на еден од паднатите дронови.

Украина неодамна ги засили нападите со беспилотни летала врз цели во Русија, таргетирајќи воени и енергетски објекти. Киев постојано предупредува дека украинската армија се соочува со сериозен недостиг од муниција, но самата си постави цел да произведе милион дронови оваа година.

Укрсина во вторникот ја презеде одговорноста за напад со дрон во Татарстан, на повеќе од 1.300 км од украинско-руската граница. Нападите, насочени кон фабрика за дронови и рафинерија за нафта, се најдлабоките на руска територија од почетокот на војната. Пријавени се 12 повредени.

Слични содржини