Командата на воздухопловните сили на Украина соопшти дека соборила руски хеликоптер КА-52 Алигатор.
„Руските сили продолжуваат да ги бомбардираат мирните украински градови, носејќи болка, смрт и раздор, држејќи ги под ракетни и артилериски оган“, се вели во соопштението на воздухопловните сили.
Сепак, тие изјавија и дека руските сили имаат значителни загуби и на копно и на воздух.
„Соборивме КА-52 Алигатор и два хеликоптери Ми-24, авион и дрон Орлан-10 во последните 24 часа“, соопшти украинското воздухопловство.