Според официјален Киев, ракети биле истрелани од територии на Русија и Белорусија кон неколку украински региони.
Пријавени се напади во Лвов, Николаев, Житомир и Чернихив. Според украинските медиуми, Русија од територијата на Белорусија истрелала ракети врз Житомир и Чернихив.
Гувернерот на регионот Житомир на северот на земјата изјави дека најмалку еден војник загинал во нападите врз воените цели.
„Речиси 30 проектили беа лансирани на еден воен инфраструктурен објект во непосредна близина на градот Житомир“, рече Бунечко, додавајќи дека речиси 10 проектили биле пресретнати и уништени.
Слична ситуација се случила и во Николаево, на југот на Украина, изјави претставникот на прес-центарот на одбранбените сили на југот на Украина, Наталија Гумењук.
„Југот, заедно со целата земја, исто така беше под воздушна тревога“, рекла Гумењук.