Килијан Марфи откри зошто не сака мобилни телефони: Во мојата куќа нема интернет

од Radmila Tasevska

Ѕвездата на филмот Опенхајмер, ирскиот актер Килијан Марфи го чува својот приватен живот подалеку од очите на јавноста, а претходно призна дека „ја мрази славата и богатството“ и дека сонува за ден кога тие два аспекта од неговиот живот ќе бидат целосно одвоени, пишува The Mirror, пренесе Стандард лајф.

47-годишниот актер е во брак со Ивон Мекгинис скоро 20 години и имаат две деца, 18-годишниот син Малахи и 17-годишниот Аран, со кои живеат во областа Монкстаун на југот од Даблин во дом од 1,5 милиони фунти.

Без интернет

Станува збор за стара куќа која се состои од шест двокреветни спални соби и дневна соба со камин. Меѓутоа, во куќата нема WiFi, а актерот еднаш објасни зошто решил да имго ускрати интернетот на своите деца и зошто не сака мобилни телефони.

„Јас сум татко на двајца тинејџери, а порано бев млад. Разбирам колку е тешко за еден млад човек во денешното општество. Многу е сложено време да порасне, работите семенуваат многу брзо. Сите сме свесни за ефектот на интернетот и онлајн животот. Ми се чини дека децата живеат во овие уреди“, рече тој.

Слични содржини