Ким Кардашијан повторно во тесен фустан – едвај се движеше во него (ВИДЕО)

од Radmila Tasevska
144 прегледи

Ријалити ѕвездата се појави на последната Мет Гала во фустан кој го носеше актерката Мерлин Монро. Бидејќи фустанот и беше многу тесен, Ким едвај се движеше во него.

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан (42) присуствуваше на Модната недела во Милано, а за таа прилика облече црвен топ и здолниште од Dolce & Gabanna.

Видеото, снимено од познатиот фризер Крис Еплтон, брзо стана вирално на социјалните мрежи. Во видеото беше забележливо дека Ким има мал проблем со фустанот.

Фустанот и бил претесен, па Ким се мачела додека се качувала по скалите. Сепак, Ким за време на искачувањето се смееше, па изгледа дека фустанот не и пречеше толку многу.

За да се искачи, Ким мораше да се држи за оградата.

Ким се најде во слична ситуација за време на Мет Гала, кога го носеше легендарниот фустан на актерката Мерлин Монро.