Кина: 3.393 случаи на заразени со корона, најмногу за еден ден од почетокот на епидемијата

од Vladimir Zorba
140 прегледи

Денеска, Кина забележа 3.393 случаи на инфекција со коронавирус, најмногу во еден ден од почетокот на епидемијата во февруари 2020 година.

Властите ги затворија училиштата во Шангај и заклучија неколку градови на североисток поради брзиот број случаи низ целата земја, додека повеќе од десет провинции се борат да ги спречат локалните жаришта, пренесе „Франс прес“.

Властите на градот Џилин, со речиси четири милиони жители, спроведоа задолжително тестирање поради пријавени нешто повеќе од 500 случаи на варијантата „омикрон“ на коронавирусот.

Границите на Кина остануваат затворени бидејќи властите спроведуваат пристап на нулта толеранција во борбата против епидемијата.