САД треба да ги прекинат сите официјални контакти со Тајван, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан.
Лиџијан на брифингот посочи дека постапките на САД се спротивни на принципот „една Кина“ и принципите на трите заеднички кинеско-американски коминике.
Кинеската армија претходно објави дека извршила воени вежби околу Тајван, објави Ројтерс, повикувајќи се на кинеската државна телевизија.