Кина е против санкции за Русија

од Milan1
183 прегледи

Кина никогаш не ги сметала санкциите за најдобар начин за решавање на проблемите, соопшти денеска Министерството за надворешни работи како одговор на прашањето дали Пекинг ќе им се придружи на западните земји во воведувањето санкции кон Русија поради Украина.

Портпаролот на министерството Хуа Чунјинг изјави за новинарите во Пекинг дека Кина се надева дека релевантните страни ќе се обидат да ги решат проблемите преку дијалог и дека ќе останат смирени и ќе покажат воздржаност, пренесува Ројтерс.

Неколку западни земји, како и ЕУ, Јапонија и Австралија, воведоа санкции кон Русија откако рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрети за признавање на самопрогласените Доњецка Народна Република (ДНР) и Народна Република Луганск (ЛНР).